КК Партизан: Миротиќ си го прекрши зборот, нека каже кој му се заканувал

Сагата околку трансферот на Никола Миротиќ и Партизан продолжува понатаму. Откако поранешниот шпански репрезентативец со црногорско потекло соопшти дека нема да стане дел од актуелниот шампион на АБА поради закани кон него и неговото семејство со соопштение излезе и КК Партизан.

Од таборот на „црно-белите“ велат дека Миротиќ веќе го договорил трансферот во Партизан и останало само уште да стави потпис на тригодишниот договор со што со овој потег го пркршува неговиот збор, а упатија и апел со кошаркарот јавно да информира кој му се заканувал.

„КК Партизан Моцарт Бет и покрај сите напори и преговори кои траеја неколку недели, нема да го ангажира еден од најдобрите европски играчи во моментов, Никола Миротиќ.

Интересот на клубот за играчот датира од јуни, кога беше објавено дека Миротиќ ќе го раскине договорот со Барселона.

Без да ја загрози финансиската сигурност на играчите при раскинувањето на актуелниот договор во тој момент, претседателот на КК Партизан Моцарт Бет, спортскиот директор и тренер на црно-белиот тим, Остоја Мијаиловиќ, Зоран Савиќ и Жељко Обрадовиќ одржаа прелиминарни разговори со Никола Миротиќ, кој ги угости во својот дом.

Кога Барселона и Никола Миротиќ ги завршија сите административни задачи, започнаа официјалните преговори за време на кои клубот ги прифати условите на играчот. Притоа, сакаме да истакнеме дека условите се менуваа неколку пати, но дека клубот секогаш наоѓаше начин да ги исполни и пред неколку дена го испрати потпишаниот тригодишен договор на Никола Миротиќ на потпис.

Истовремено, во јавноста се појавија бројни информации за тоа дека одредени лица му се закануваат на Никола Миротиќ и дека се стравува за неговата безбедност доколку стане кошаркар на Партизан Моцарт Бет.

Претседателот Мијаиловиќ, спортскиот директор Савиќ и тренерот Обрадовиќ неколку пати го уверуваа играчот дека нема причина за загриженост и дека е повеќе од добредојден во Србија…

Во оваа прилика КК Партизан Моцарт Бет сака да напомене дека Никола Миротиќ пред петнаесетина дена му дал збор на тренерот Обрадовиќ, а потоа и на претседателот Мијаиловиќ, директорот Савиќ и капитенот Пантер дека ќе стане играч на Партизан. Исто така, клубот сака да напомене дека после тоа неколку пати се распрашуваше кои други играчи ќе доведат црно-белите.

Клубот јавно го повикува Никола Миротиќ од посветеноста на вистината, а тој е човек кој се бори за вистината, да каже кои се луѓето кои му се заканувале“, стои во дел од соопштението на КК Партизан.

Се вчитува...