Клатенбург заминува од Англија кај „шеиците“ во Саудиска Арабија

Марк Клатенбург ја шокираше англиската спортска јавност со одлуката да го напушти премиерлигашкиот фудбал и да прифати нов предизвик во кариерата – преселба во Саудиска Арабија. Оваа информација попладнево прв ја објави „ББЦ Спорт“, обелоденувајќи дека Клатенбург уште пред завршувањето на овој месец ќе си замине од англиската фудбалска сцена и ќе се пресели во новата средина.

Овој 41-годишен судија уште пред неколку месеци се пожали на огромниот притисок со кој се соочуваат арбитрите во Премиер-лигата, но како следна дестинација беа наведувани Кина или САД. Сепак, последните денови донесоа и огромен пресврт, откако Клатенбург ја прифатил понудата за преселба во Саудиска Арабија.

Марк Клатенбург важи за еден од најдобрите светски судии во моментов. Тој го судеше финалето на Лигата на шампионите минатата година, во која беше главен арбитар и на финалето од ЕВРО 2016, како и на мечот за титулата во ФА Купот на Англија.

Му посакуваме на Марк Клатенбург многу среќа при следниот ангажман во Саудиска Арабија. Откако стана дел од нашето здружение во 2004 година Марк прерасна во еден од најдобрите судии во земјата, поставувајќи стандарди што сите останати се обидуваа да ги достигнат. Воедно, овој трансфер е уште еден доказ за големата почит што во светскиот фудбал постои за англиските судии“ – се вели во соопштението на Судиската Организација.

Се вчитува...