Клиперси во финишот го „скршија“ отпорот на Далас, Сакраменто подобар од Чикаго

ЛА Клиперс во „Стејплс центарот“ по драматична завршница славеа против Далас со 104-101 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.

Во главно израмнет натпревар, во последниот период гостите имаа предност и од +10 поени за да во финишот со слободните фрлања на Галинари домашните дојдат до предност од 102-101. Бредли во последната секунда со кош потоа ја потврди победата на Клиперси.

Најефикасен во победничката екипа беше Данило Галинари со 28 поени, додека добра партија пружи и новајлијата Тобиас Харис кој дополни 19 поени. Кај Далас се истакна Весли Метјус со 23 поени, додека Девин Харис уфрли 16 поени.

Сакраменто на свој терен, предводен од Богдан Богдановиќ со 15 поени успеа да слави против Чикаго со 104-98. На Чикаго не му помогна ниту одличната партија на Лавин кој постигна 27 поени.
Денвер, пак, на свој терен запиша убедлива победа против Шарлот од 121-104. Нагетси уште во финишот на првиот период стигнаа до предност која потоа рутински ја одржуваа до крајот на мечот.
Денвер до победата беше предводен од одличниот Гари Харис со 27 поени, додека по 18 поени постигнаа Бартон и Мареј. Никола Јокиќ запиша „дабл-дабл“ од 15 поени и 16 скока. Кај Шарлот се истакнаа Кемба Вокер со 20 поени и Двајт Хауард со 19 поени.

Се вчитува...