Кливленд и Голден стејт супериорни, бламажа на Вашингтон

Кливленд ја надмина кризата од самиот старт на сезоната, па кавси предводени од Леброн Џејмс ја забележаа и дванаесеттата победа во низа, овојпат забележана на гостувањето против Чикаго со убедливи 91-113. По поразот од Хјустон на 9 ноември тимот на Кливленд заигра фантастично, серија што продолжи и на синоќешната пресметка со „биковите“. Двејн Вејд постигна 24 поени на првиот меч против својот лански клуб, исто толку реализираше и Кевин Лав, додека Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 23 поени , 7 скока и 6 асистенции.

Фантастична победа забележа и шампионот Голден стејт, на гостински терен против Њу Орлеанс со убедливи 115-125, откако гостите се вратија од негатива од 21 поен за да стигнат до триумф. Стеф Кари постигна 31 поен, но мораше да го напушти мечот во четвртата четвртина поради повреда на скочниот зглоб, Томпсон реализираше 22, а Грин и Дурант по 19 поени во најновиот триумф на актуелниот првак.

Бостон продолжи со импресивни игри триумфирајќи над Милвоки со 111-100, додека Вашингтон се посрамоти со очаен настап на гостувањето против Јута, на кое визардси постигнаа само 69 поени (116-69). „Џезерите“ одиграа фуриозно прво полувреме во кое поведоа со 64-30, по што во преостанатите 24 минути само го дотолчија демотивираниот противник.

Резултати НБА:

Шарлот – Орландо 104-94, Индијана – Њујорк 115-97, Филаделфија – Феникс 101-115, Атланта – Бруклин 90-110, Бостон – Милвоки 111-100, Чикаго – Кливленд 91-113, Мемфис – Минесота 95-112, Њу Орлеанс – Голден стејт 115-125, Далас – Денвер 122-105, Сан Антонио – Детроит 96-93, Јута – Вашингтон 116-69.

Се вчитува...