Кливленд на време се буди: Леброн го остави Бостон на неверојатни -30!

Во третиот натпревар од финалната серија од плеј-офот во Источната конференција, Кливленд славеше убедливо со 116-86 против Бостон.

Откако Бостон запиша две лесни победи во претходните два меча, серијата се пресели во Кливленд па Леброн Џејмс и друштвото конечно го покажаа вистинското лице. Славеа со +30 поени, на тој начин покажувајќи дека не го кажале последниот збор во ова финале.

Леброн Џејмс постигна 27 поени, дополнети и со 12 асистенции и 5 скока. Кевин Лав имаше „дабл-дабл“ ефект од 13 поени и 14 скока. На спротивната страна Татум постигна 18 поени, а Розие заврши со 13 поени.

Следниот меч се игра ноќта меѓу понеделник и вторник, со почеток од 2:30 часот, исто така во Кливленд.

Се вчитува...