Кливленд победува и без „големите момци“

Кливленд успеа да слави над Детроит со 112-90, без оглед на отсуството на тројцата играчи во рекетот, Кевин Лав, Џеф Грин и Тристан Томпсон. Улогата на џокер на актуелните вицешампиони му припадна на Лари Ненс џуниор, кој во својот прв меч како стартер за Кливленд реализираше 22 поени и 15 скокови. Лидер вообичаено беше Леброн Џејмс, кој погоди пет тројки од седум обиди за вкупно 31 поен, надополнет со седум скока и седум асистенции, за откако победникот беше решен да ја преседи на клупата целата четврта четвртина.

На серијата на ЛА лејкерс од пет победи и дојде крајот откако „езерџиите“ беа поразени на домашен терен од Портланд со 103-108. Лилард беше незапирлив во клучните моменти, постигнувајќи дури 19 од своите 39 поени во последната четвртина. Со тоа, Портланд продолжи да доминира во пресметките со лејкерси, бележејќи ја 15. победа во низа над овој ривал.

Неизвесно беше во Сан Антонио, каде домаќините по голема битка славеа над Мемфис со 100-98. По двата порази во серија на домашен терен, спарси овојпат одговорија на предизвикот, пред се благодарение на Тони Паркер и неговите 23 поени.

Резултати НБА:

Кливленд – Детроит 112-90, Индијана – Милвоки 92-89, Мајами – Феникс 125-103, Чикаго – Бостон 89-105, Сан Антонио – Мемфис 100-98, Јута – Орландо 94-80, ЛА лејкерс – Портланд 103-108.

Се вчитува...