Јирген Клоп се подготвува за своето селекторско деби на клупата на Германија, дуелот со Холандија во Амстердам закажан за 24 септември.
Клоп ја изненади германската јавност со одлуката за прв голман на националниот тим да го именува Марк Андре тер Штеген, искусниот чувар на мрежата кој сезонава настапува за Ајакс. Тер Штеген има 44 настапи за Германија, но последниот му беше во јуни 2025, тој беше стандарден по пензионирањето на Мануел Нојер, но потоа беше вратен на клупата за резерви кога капитенот на Баерн реши да се врати назад во националниот состав.
Тер Штеген ги остави зад себе проблемите со повредите што го мачеа, 34-годишниот ветеран е стандарден во Ајакс, па Клоп пресекол – токму тој да командува со одбранбената линија од голманската позиција.
Новиот селектор го избришал вееранот од Хофенхајм, Оливер Бауман, а покрај Тер Штеген за голманската позиција ќе бидат повикани уште и Урбиг од Баерн, Нибел од Бешикташ и Дамен од Аугсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
