Клоп го остави ривалството на страна: Многу сум горд на Рашфорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд последниов период е во фокусот на британаската јавност, но не поради фудбалските вештини туку поради ангажманот за обезбедување оброци за децата од социјално загрозени семејство во периодот кога е училишен распист.

Откако предлогот не му помина ниту кај владата ниту кај парламентот, Рашфорд доби поддршка од сопствениците на ресторани, кафе барови и од многу други луѓе кои ги обезбедуваат оброци. На оваа тема пофални зборови не штедеше ниту менаџерот на најголемит ривал на Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Јирген Клоп.

„Не сум сигурен дека можам да најдам подобри зборови од многу попаметни луѓе од мене кои веќе кажаа дека тоа што Маркус го започна е неверојатно, толку е убаво. И покрај ривалството меѓу нашите клубови, во овој момент ние како фудбалери и како човечки битија секогаш треба да бидеме обединети.Штета е што тој мора да го прави ова, но од друга страна  прекрасно. Се надевам дека неговата мајка е навистина горда на него. Не го познавам лично, но многу сум горд на Рашфорд“ -вели Јирген Клоп.

 

Се вчитува...