Клоп го продава Стариџ и создава буџет за купување на Обамејанг

Ливерпул влезе во резултатска криза, па иако до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите, менаџерот Јирген Клоп веќе размислува за клучни потези што ќе ги повлече во летниот преоден рок. Тој гледа кон својот поранешен тим Борусија Дортмунд и ќе се обиде да го купи габонскиот интернационалец Пјер – Емерик Обамејанг, кој најави заминување од „Сигнал Идуна Парк“.

Клоп има и план како да го дополни буџетот за ангажман на Обамејанг. На лето се очекува од „Енфилд роуд“ да си замине Даниел Стариџ, кој во последниот период е далеку од очекуваната форма, а Ливерпул посакува да инкасира околу 40 милиони фунти. За ангажман на Обамејанг ќе бидат потребни најмалку двојно повеќе пари, но „црвените“ се подготвени да наддаваат со големите европски клубови.

Интерес за Обамејанг покажуваат и Реал Мадрид, Манчестер сити и Интер, па трката за него во летниот преоден рок ќе биде навистина жестока.

Се вчитува...