Клоп: Имаме само една опција, да обезбедиме четири победи до крајот на сезоната

По победата против Саутемптон, Јирген Клоп даде изјава во која вели дека неговиот тим има само една опција, а тоа е да ги освои сите 12 бода во преостанатите четири кола во сезоната.

Клоп верува дека математички постојат шанси, па неговите фудбалери имаат предизвик да одиграат четири натпревари за четири победи и пласман на елитниот турнир следната година.

„Не сум сигурен дали тоа ќе ни помогне да обезбедиме пласман во Лигата на шампиони, но едно е очигледно, мора да ги добиеме натпреварите што не чекаат и мислам дека ако обезбедиме четири победи, тоа може да биде доволно. Сепак, шансите за нашиот тим ги гледам само затоа што Лестер игра против Тотенхем, а Тотенхем против Челси. Ќе биде тешко, но мора да се обидеме. Оваа остварена победа беше многу важна за нас“, додаде Германецот.

 

Се вчитува...