Клоп ја објасни нервозната реакција кон судиите: „Тоа што ми го кажа не е во ред…“ (ВИДЕО)

Повеќе од интересен меч одиграа Ливерпул и Тотенхем во Премиерлигата во кој „црвените“ славеа со гол на Диого Жота во 95. минута од средбата.

По мечот тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сигурно ризикуваше казна од Премиерлигата поради коментарите на сметка на судијата Пол Тиерни.

„Жолтиот картон кој го добив е во ред, затоа што не се однесував како што треба. Но, мора да разберете и дека и ние сме луѓе кои имаат чувства и затоа некогаш мора да ги исполниме своите емоции. Знаеме дека некои нешта не треба да ги направиме, но не е лесно“ – рече Клоп и дополни:

„Ние имаме историја со господинот Тиерни. Не знаеме што овој човек има против нас. Тој секогаш ќе каже дека тука нема ништо, но тоа не е вистина. Тоа што ми го кажа кога ми даде жолт картон, тоа навистина не е во ред“.

Се вчитува...