Клоп: Каде ќе беше сега Челси акo го немаа Диего Коста?

Напаѓачот на Челси, Диего Коста, имаше проблеми со стратегот на „сините“, Антонио Конте, и се споменуваше негово заминување оваа зима, но такво нешто не се случи. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е воодушевен од играта на Диего Коста и го потенцираше значењето на напаѓачот во редовите на Челси.

„Ако играв против Диего Коста, немаше да бидеме пријатели. Но, кога тој е во твојата екипа, тогаш е многу позабавно. Тој е вистински воин. Тоа што го прави Антонио Конте во Челси е фантастично, но што ќе беше доколку во тимот го немаа Диего Коста? Не верувам дека одлуката за пенал против нас беше погрешна“ – одговори Јирген Клоп на неколку провокативни прашања од новинарите по дербито што се одигра на „Енфилд роуд“.

Челси и понатаму е на врвот на табелата во Премиер – лигата со 56 освоени бода, додека пак Ливерпул е на четвртото место со 46 бода.

Се вчитува...