Клоп: Како и да заврши, сезонава беше посебна

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп пред мечот од 37. коло во Премиер-лигата против Њукасл, вели дека не го интересира натпреварот на Манчестер Сити во понеделник и дека неговиот тим мора да размислува само на следниот противник.

„Што и да се случи сезонава беше посебна. Не мислам на освојување на трофеите, бидејќи вие цело време константно ме прашувате околу тоа. Не знаете за нашите потешкотии бидејќи ние не зборуваме за тоа. Имаме уште два натпревари, нека поминат па ќе направиме рекапитулација на целата сезона. Наш проблем не е што ќе се случи во понеделник, наш проблем е да го победиме Њукасл“, изјави Клоп. 

Ливерпул има бод негатива зад Манчестер Сити на два натпревари до крајот на Премиер-лигата.

Се вчитува...