Клоп конечно откри што му рекол судијата (ВИДЕО)

Ливерпул и Тотенхем одиграа максимално интересен натпревар во Премиерлигата во кој „црвените“ славеа со гол на Диого Жота во 95. минута од средбата.

По мечот тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше и судијата Пол Тиернеј, со кого имаат долга историја на несогласувања.

„Жолтиот картон кој го добив е во ред, затоа што не се однесував како што треба. Но, мора да разберете и дека и ние сме луѓе кои имаат чувства и затоа некогаш мора да ги исполниме своите емоции. Знаеме дека некои нешта не треба да ги направиме, но не е лесно. Ние имаме историја со господинот Тиернеј. Не знаеме што овој човек има против нас. Тој секогаш ќе каже дека тука нема ништо, но тоа не е вистина. Тоа што ми го кажа кога ми даде жолт картон, тоа навистина не е во ред“ – рече тогаш Клоп не сакајќи притоа да открие што точно му рекол судијата.

Но, на оваа изјава на Клоп потоа се огласи и судиската организација во Англија, која рече дека судијата бил максимално коректен кон германскиот тренер, и апсолутно ништо не му коментирал.

Па, испровоциран од оваа реакција на судиската организација, сега повторно се огласи Клоп и конечно откри што Тиернеј му рекол тогаш.

„Ние имаме меѓусебна историја и свесен сум за тоа. Дојде до мене и ми покажа жолт картон, но ми рече дека тоа е црвен картон кој јас го заслужувам. Но, бидејќи во прашање сум јас, па ајде ќе биде жолт“ – соопшти сега Клоп.

Се вчитува...