Јирген Клоп очекувано незадоволен по фијаското на Германија во второто коло од Лигата на нации. Германците неочекувано загубија со 0-1 од Грција, па Клоп се уште чека на победа на официјален натпревар на клупата на четирикратниот светски шампион.
„Не смеевме да го загубиме овој натпревар. Можев да прифатам реми, но не и пораз. Но, одговорноста е моја затоа што ние сме низ процес на создавање на тим. Составот е со многу промени, голот е несреќен, а во суштина, проблемот е што сме заедно само една недела, а против противник кој цврсто се брани“ – вели Клоп и дополнува:
„Но, резултатите се најмалку важни во овој момент, се додека извлекуваме вистински заклучоци во насока на креирање тоа што го сакаме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
