Клоп: Не очекувајте совршен натпревар…, ќе мора да се бориме машки

Сезоната во Премиерлигата ќе биде комплетирана во недела, а тимот на Ливерпул сеуште го нема осигурно своето место во Лигата на Шампионите следната сезона.

За истото да се оствари на составот на Јирген Клоп му е потребна победа против Кристал Палас, а притоа на дуелот помеѓу Лестер и Тотнхем, домаќинот да не слави со повеќе од четири гола.

„Не се сеќавам на сезона која мина во најдобар можен ред, секогаш има некое финале на самиот крај, без разлика дали се бориме за Лига Европа, Лига на Шампиони или нешто друго. Така беше во Дортмунд, во Мајнц… па се навикнав на тоа последниот меч во сезоната да биде важен и стресен. Не треба да очекувате совршен натпревар во смисла на некое рано водство. Мора да се бориме за тоа. Имам голема почит кон Кристал Палас и тоа што играчите ќе сакаат да го испочитуваат Рој на неговиот последен меч. Уверен сум дека ќе дадат се од себе и го почитувам тоа“, изјави германскиот стратег.

На овој меч Ливерпул конечно ќе ја има поддршката од навивачите, а Клоп е пресреќен за нивното враќање.

„Ќе биде интересно што се враќаат навивачите. Многу сум среќен што повторно ќе ги видам на трибините, бар тие 10 илјади. Потребна ќе ни биде поддршка, онаква каква што добивме последниот пат кога се видовме“, додаде тренерот на Ливерпул.

Се вчитува...