Јирген Клоп за првпат се најде на удар како селектор на Германија откако оваа репрезентација беше шокирана на домашен терен од Грција.
Германците делуваа потпросечно и безидејно, но Клоп ги смирува страстите порачувајќи дека очекувал дека предизвикот како селектор воопшто да не биде лесен.
„Научив некои работи што посакував да не ги научам. Тешко беше да се игра против нискиот блок на противникот, треба да се работи на тие рутини, а ние не успеавме да ги развиеме за така краток период заедно. Реално, не можам да кажам премногу убави работи за играта, но да не зааборавиме дека видов бројни позитивни работи на тренинзите изминатата седмица. Очигледно, не скаам да се навикнеме на поразите, но јас верувам во нашиот тим, во она што го работиме и не отстапуваме од патот што си го имаме зацртано. Еуфоријата по моето доаѓање брзо заврши, сега доаѓа реалноста, но тоа не ми пречи – со еуфорија не се создава моќна група, туку со заедничка работа. Затоа, важно е да се соочиме со реалната слика и да работиме напорно за да напредувам“, истакна Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
