Клоп: Не знам дали може(в)ме подобро од ова, а загубивме со 3-0

Ливерпул одигра добар меч на „Камп Ноу“, но си заминува дома со пора од 3-0. Тоа е речиси недостижна негатива, ако ривал од другата страна на теренот е Барселона. Генијалноста на Лионел Меси и овојпат беше пресудна, вели менаџерот на англискиот тим, Јирген Клоп.

„Не знам дали може(в)ме да одиграме подобро од изданието што го имавме во второто полувреме. Имавме игра, создадовме шанси, а тие ни дадоа уште два гола. Третиот беше ремек дело, фудбалска генијалност. Против тоа едноставно не се може. Но, има и реванш“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Барселона ќе се одигра за шест дена на „Енфилд Роуд“.

Се вчитува...