Клоп нема намера да ги гледа Арсенал и Манчестер Сити: Сакам пулсот да ми мирува

Јирген Клоп на пресконференцијата за медиуми во пресрет натпреварот помеѓу Ливерпул и Шефилд Јунајтед говореше и за тема која не е поврзана со неговите избраници.

Германскиот стартег беше запрашан дали ќе ги гледа натпреварите на ривалите за титула – Арсенал и Манчестер Сити на што имаше интересен одговор.

„Не знаев ни дека играат вечерва. Тоа не е тема за мене. Како се секогаш очекувам да победа, тоа не е можно само кога играат едни против други, но сега тоа не е случај и затоа очекувам да победат. Но, не сум заинтереисран за нив искрено, сакам ние да победуваме во нашите натпревари.

Пред неколку години ви прераскажав како гледав еден натпревар и навивав за Лестер да победи. Тоа не се случи и тоа е последниот пат кога гледав натпревар на ривал. Човекот учи од своите грешки и минатото. Сега кога играат, пулсот ми мирува“, изјави Германецот.

Се вчитува...