Клоп: Надминати се проблемите меѓу мене и Салах

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп рече дека нема никакви проблеми со крилниот фудбалер Мохамед Салах. Тој кажа дека караницата е веќе минато и дека не нанела штета на нивниот долгогодишен однос.

Салах после натпреварот со Вест Хем даде краток коментар: „Ако кажам, ќе настане пожар“. После една недела, Клоп кажа за односот меѓу него и Египѓанецот.

„Најдобра ситуација би бил сите да се во добра форма, да победуваме и да постигнуваме многу голови. Онаа ситуација со Салах не е таква, тогаш првенствено Мо не би бил ниту на клупа“, рече Клоп.

Клоп на крајот на сезоната после девет сезони ќе го напушти Ливерпул.

Се вчитува...