Клоп објасни зошто своевремено го одбил Манчестер Јунајтед

Германскиот стратег Јирген Клоп од доаѓањето на клупата на Ливерпул го препороди тимот и го направи еден од најдобрите во Европа. Сепак, таа 2015. тој преговарал и со Манчестер Јунајтед, но ги одбил бидејќи маркетингот им бил пред квалитетот на тимот.

„Кога преговарав со Манчестер Јунајтед никој не зборуваше за фудбалот, само околу маркетингот, имиџот, брендот. Говореа дека им е потребно да го купат овој или оној фудбалер и јасно се виде дека го немаат тимот во прв план. Тогаш помислив, оваа работа не е за мене, тоа не е играта која ја сакам. Сфаќам дека во денешно време маркетингот е многу важен, но тао никогаш не смее да биде во прв план“, изјави Клоп. 

Клоп со Ливерпул минатат година ја освои Лигата на шампионите, а сезонава е на добар пат за првпат по 1990 година во Ливерпул да го донесе и трофејот од Премиер-лигата.

Се вчитува...