Јирген Клоп го имаше толку очекуваното деби на клупата на Германија, ремизирајќи 1-1 на гостински терен против Холандија на стартот од новото издание од Лигата на нации.
Трофејниот стратег е задоволен од голем дел од прикажаната игра на својата селекција, ако се знае дека Германците имаа водство се до судиското продолжение кога Гакпо стрелаше за израмнување.
„Чувството воглавно е добро. Долг е списокот на работи што функционираа како што треба. Почнавме одлично, но потоа имавме десет минути во кои влеговме во сериозни проблеми, проблеми што самите си ги направивме. Знам дека можеме и мораме да играме подобар фудбал, но генерално гледано задоволен сум од поединечните изданија, како и од страста што ја покажавме на теренот. Секако, повеќе би сакал да победевме, но и еден бод е сосема ОК на така тешко гостување“, истакна Клоп.
Проблем за германскиот селектор се повредите што ги заработија Каи Хаврц и Џамал Мусиала, кои речиси сигурно нема да му бидат на располагање до крајот на овој прозорец.
„За жал, двајцата имаат истегнување на мускулите во пределот на надколеницата. Ги чекаме резултатите на деталните прегледи, се надеваме дека не е ништо сериозно, но огромни се шансите дека тие нема да можат да играат за нас на наредните три натпревари“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
