Клоп по дуелот со Холандија остана без две големи ѕвезди

Каи Хаверц и Џамал Мусијала ја напуштија германската репрезентација откако се здобија со повреди на синоќешниот дуел против Холандија на стартот од Лигата на нации, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Хаверц се повреди за време на натпреварот со Холандија, тој беше заменет во 28-та минута по стартот на Тимбер има проблем со истегнување на мускулот.

Мусијала се повреди уште на загревањето, а лекарските прегледи покажаа дека има скинат мускул по што веднаш замина во Минхен на терапија.

Нивните места во репрезентацијата ќе ги пополнат Џонатан Буркарт од Ајнтрахт Франкфурт и Флоријан Вирц од Ливерпул.

Германија в недела во Аугсбург ќе игра против Грција, потоа на први октомври во Минхен ќе игра против Србија во Лигата на нации.

Три дена подоцна, Германија ќе ѝ гостува на Грција во четвртото коло од Лигата на нации.

Се вчитува...