Клоп полн со самоувереност: Забавен губитник? Па имаме само два порази во сезонава

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека самоувереноста во тимот е на високо ниво, и дека не планира да го ротира составот во пресрет на мечот со Марибор во Лигата на шампиони. На денешната прес конференција, германскиот стратег беше прашан да го даде своето мислење за коментарот на спортскиот менаџер на Марибор, Златко Заховиќ, кој истакна дека Клоп е харизматичен тренер во кој навивачите се заљубени, но дека за разлика од Капело и Мурињо, не знае како да го води својот тим до трофеи.

„Значи, според него јас сум харизматичен, забавен губитник? Па ние имаме само два порази откако почна сезоната. Еден во Лига купот и еден од Манчестер сити, мечот на кој игравме со играч помалку. Верувам дека 99% од екипите би изгубиле од „граѓаните“ кога би биле во наша ситуација. Сметам дека сме во добра позиција, напорно работевме на претходните два натпревари во ЛШ, но за жал изгубивме поени. Сепак, во тимот владее самоувереност, максимално сме фокусирани да оствариме позитивен резултат против Марибор. Не потреба да правиме поголема ротација од што ни треба, ремито со Јунајтед ќе ни биде додатен мотив за да ги израдуваме утре нашите фанови“, вели Клоп.

Се вчитува...