Клоп: Повеќе од ова не можеме…., сега се е оставено на судбината!

Ливерпул стигна до тешка победа од 2-3 на гостувањето против Њукасл во Премерлигата и остана во шампионската трка се до последното коло. Но, без разлика на се, ќе остане без титула доколку Манчестер сити го победи најпрво Лестер на Етихад а потоа и Брајтон на гостински терен.

На „Енфилд“ трофејот се чека 29 години. Оваа година се премногу блиску но лесно може да се случи и 97 освоени бода да не бидат доволни.

„Правиме се што е до нас да бидеме шампиони. Повеќе од ова не можеме. Може ли да освоиме повеќе бодови? Апсолуно не. Фудбалерите дадоа се од себе. А сега дали ќе бидеме шампиони или не зависи само од судбината“ – истакна Клоп по вчерашниот дуел на „Сент Џејмс парк“, притоа осврнувајќи се и на самиот натпревар со Њукасл…

„Постои ли некоја историја меѓу Њукасл и Ливерпул за која не знам? Атмосферата беше како да се случило нешто во минатото. Домашните беа пеколно настроени против нас. Но, момците беа подготвени да се соочат од психолошки аспект со сите препреки и на крајот успеаја“ – вели Клоп.

Се вчитува...