Клоп се нафрли на менаџерот на Тотенхем: Нека си ја гледа својата работа!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се повреди на крајот на мечот против Тотенхем, славејќи го победничкиот гол на Диего Жота во судиското надополнување. Германецот по голот замина кон клупата на противникот и во негов стил го прослави голот, но притоа се повреди.

По мечот, Клоп се расправаше и со менаџерот на Тотенхем, Рајан Мејсон. Мејсон, пак, после мечот се пожали дека Жота требало да добие црвен картон после стартот над Оливер Скип.

„Рајан Мејсон нека се грижи за други работи. Тие имаат добар тим и треба да играат подобро. Тие не можат само да напаѓаат, туку да играат подобро. Жота ја крена ногата, не нишанеше кон Скип. Пред тоа црвен картон можеше да добие и Скип. Спомена ли менаџерот на Тотенхем за тоа. Наместо да се грижи кој требало да добие црвен картон, треба да си ја  гледа својата работа“, рече Клоп.

Се вчитува...