Јирген Клоп станува свесен колку работи го очекува како селектор на Германија откако трофејниот стратег вечерва го претрпе првиот пораз, и тоа на домашен терен од Грција со 0-1. Клоп се надеваше дека ќе ја прослави првата победа, но ротациите во тимот придонесоа Германците да одиграат потпросечен натпревар и на крајот со наведнати глави да го напуштат теренот.
Адејеми пропушти стопроцентна шанса во првото полувреме шутирајчи над голот, a казната стигна во 74. минута кога Курбелис шутираше од работ на шеснаесетникот, топката закачи еден од германските дефанзивци и заврши во мрежата.
Германците имаа 76% од поседот на топката, вкупно 15 удари кон противничкиот гол, но во јалова иницијатива без премногу чисти шанси, како јасен знак дека е длабока кризата во која се наоѓа поранешниот светски и европски првак.
Meгадуелот меѓу Норвешка и Португалија не донесе и пресметка меѓу Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо откако гостинскиот стратег Жезус реши да ја остави својата суперѕвезда на клупата во текот на сите 90 минути. Португалците поведоа со 0-1 преку Жоао Феликс, домаќините израмнија на стартот од вториот дел преку Халанд, а конечните 1-2 ги постави Рамош, казнувајќи ја огромната грешка на норвешкиот голман.
Халанд имаше убава шанса за израмнувањее во самиот финиш, но неговиот обид беше за малку непрецизен и Португалија со максимални шест бода го комплетираше второто коло од Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
