Клоп си опцу на ТВ, Линекер го поддржа (ВИДЕО)

Во еуфоријата по спектакуларната победа на Ливерпул над Барселона и пласманот во финалето на фудбалската Лига на шампионите, менаџерот на англискиот тим, Јирген Клоп во изјава веднаш по натпреварот се опушти дозволувајќи си пцовка во жива програма.

„Веќе е по 22 часот, сите деца спијат, па можам да кажам. Ове момци се е**ни интелегентни гиганти“ – рече Клоп.

Водител на програмата беше Гери Линекер кој пак објасни дека добил инструкции да се извини за изјавата на Германецот.

„Нема да го направам тоа. Тој има право, секако веќе е по 22 часот“ – рече Линекер.

 

Се вчитува...