Клоп: Сум гледал милион средби, но ниедна како оваа

Јирген Клоп уште еднаш ја покажа својата тренерска големина, предводејќи го Ливерпул до најголемиот пресврт во клупската историја во Лигата на шампионите. Германецот по мечот не го криеше воодушевувањето од изданието на своите фудбалери.

„Не знам што да кажам, целиот натпревар, целиот наш настап, тоа беше нешто фантастично. Сум гледал милион фудбалски средби во животот, но ниедна како оваа. Им реков пред натпреварот: Невозможно е, но бидејќи сте вие на теренот, верувам дека и чудо може да се случи, дека имаме шанса. И навистина се случи чудо“ – еуфорично коментираше Клоп.

Германецот се уште нема загубено двомеч во европските купови како менаџер на Ливерпул, но му останува конечно да се закити и со првиот трофеј, по загубените финалиња од Севилја во Лигата на Европа и од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Се вчитува...