Клоп: Тоа што му го прават на Ливерпул е злосторство

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави заминување до англискиот великан на крајот на сезоната па без став од санкции отворено говори пред медиумите за проблемите со кои се соочува тој и неговиот тим.

Германскиот стратег пресконференцијата за медиуми пред дербито со Тотенхем ја искористи да упати нова криткика за густиот распоред на натпревари со кои се соочуваат неговите фудбалери.

„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота во 12 часот и 30 минути. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата „ТНТ“. Мораме да играме во четврток, во недела, во среда па во сабота од 12 и 30. Тоа што ни го прават е злосторство“, вели Клоп.

Поради фактот дека Ливерпул е тим со голем број на поддржувачи низ целиот свет, игра во посебни термини со цел да се задоволат желбите на носителите на ТВ правата.

Се вчитува...