Јирген Клоп јавно ја поддржа управата на Ливерпул за одлуката да ги прекине преговорите за ангажман на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд. Англискиот репрезентативец долго време беше на врвот на листата со желби на Клоп, за пред неколку дена да биде објавено дека Ливепрул се откажува од трката поради превисоката цена (над 150 милиони евра).
Германецот на денешната прес-конференција пред премиерлигашкиот дуел со Лидс ги поддржа клупските директори за ваквиот став, парите што ги имаат на располагање за летово да ги потрошат на повеќе засилувања наместо само на еден играч.
„Немам што многу да кажам, не сакам да говорам за играчи кои не се дел од Ливерпул. Ако петгодишно дете ви побара Ферари за Божиќ, не можете да му кажете дека тоа е добра идеја и да му го купите. Она што ни е неопходно и она што го сакаме, ќе работиме напорно за да го добиеме, така било досега така ќе биде и во иднина. Сепак, некогаш постојат моменти кога треба да прифатите дека некои работи се неостварливи и да се тргнете на страна“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА