Клоп: Жал ми е за Челси, гледате колку луд стана фудбалот денеска

Превземањето на Челси од страна на Тод Боели донесе нов трансфер рекорд за Челси со над 600 милиони евра потрошени за нови засилувања. На „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа 17 нови фудбалери, но истите не успеаја да го подобрат клубот и позицијата на табелата.

Притоа турболентната сезона беше отсликана и со две промени на тренерската позиција од каде заминаа Томас Тухел и Грем Потер.

Челси ни е пример како не треба да се работи, вели Јирген Клоп осврнувајќи на промената на ростерот во Ливерпул и новите засилувања кои треба да пристигнат во клубот.

„Ни требаат нови играчи и ќе бидеме активни во летото, но мора да внимаваме што правиме. Не е целта само да се доведе некој. Видете го Челси и колку стана луд фудбалот. Искрено, жал ми е за Челси, тоа е врвен тим, но мора да учиме од нив. Не смеете да купувате нови играчи и да мислите дека самото од себе ќе проработи. Не можете да имате две соблекувални, да тренирате на два терени. Им давате на тренерите невозможна задача. Морате да имате тимски дух.

На крајот знам дека ќе бидат во ред и ќе бидат неверојатно добри, но сега се пример за тоа како не треба да се работи. Морате да ги носите вистинските играчи. Ние мора да направиме нов тим, зад нас е голем успех, но сега пишуваме нова приказна“, вели Клоп.

Се вчитува...