Клубот кој со години го „брка“ Нејмар сега е најблиску до неговиот потпис

Веќе долги години се зборува за заминување на Нејмар од ПСЖ. Бразилецот за 222 милиони евра од Барселона стигна во Париз во 2017 година. Неговата смена на клуб може да се случи веќе престојното лето.

Нејмар и натаму се опоравува од повреда, а во моментов е во Бразил, каде што во петокот присуствуваше на натпревар на својот клуб Сантос. Бразилецот истакна дека еден ден ќе се врати во Сантос.

Но, пред да се врати во Бразил, би можел да замине во Премиерлигата. Не е тајна дека за неговите услуги се интересира Челси, кому парите во моментов не му се проблем и ги собира сите ѕвезди. Веќе неколку години овој тим е заинтересиран за услугите на Нејмар, а сега се чини е најблиску до неговиот потпис.

Со оглед дека ПСЖ подготвува целосен ремонт на лето, веројатно заминува и Лионел Меси, а со него и Нејмар, како и неколку други играчи како Рамос и Верати.

Се вчитува...