Клубовите едногласни: Калчо-лигата ќе продолжи, Владата нека каже кога…

Италијанскиот фудбалски шампионат ќе продолжи, едногласен е ставот на сите калчолигаши по денешниот состанок преку видео-конференциски повици на кој се дискутираше околу статусот на Серија А по завршувањето на кризата со коронавирусот. Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека осум екипи од долниот дел на табелата се против продолжение, но со денешниот состанок јасно се демантираа ваквите информации.

Сега на потег е италијанската влада, која ќе треба да даде зелено светло, најпрвин за одржување на тренинзи, за да се почне со подготовки, а потоа и да се одреди датум на кој сезоната ќе може да продолжи.

„Собранието на Серија А се сретна утринава и беше потврден ставот, едногласно од страна на сите 20 клубови преку видео-конференција, да се комплетира сезоната 2019/20, доколку Владата дозволи такво нешто согласност новите правила. Продолжението со спортска активност во таканаречената „фаза два“ ќе се одвива согласно препораките на ФИФА и на УЕФА, но и според правилата на нашата матична фудбалска федерација, комплетирајќи ги сите медицински протоколи за заштита на фудбалерите и на целокупниот персонал“, се вели во соопштението.

Прогнозите се дека веќе не почетокот од месец мај тимовите ќе можат да стартуваат со редовни тренинзи, за веќе во првата седмица од јуни да се доие зелено светло и за продолжение на сезоната.

Се вчитува...