Клубовите од Серија А се враќаат на тренинзи на 4.мај

Клубовите од Серија А ќе добијат дозвола да почнат индивидуални тренинзи веќе на 4. мај, а тимските тренинзи ќе можат да почнат на 18. мај. Ова откако премиерот на Италија, Џузепе Конте ги соопшти првите чекори за олабавување на строгиот режим поради исклучително тешката ситуација со коронавирусот.

Надежите во италијанскиот фудбал се дека продолжението на сезоната би можело да биде некаде меѓу 27. мај и 2. јуни, а крајот на шампионатот би бил некаде на почетокот од август. Сепак засега Серија А уште не излегува со формална објава за ваквите планови за продолжување на сезоната. Се разбира сето ова би било без навивачи на трибините.

Датумите за почеток на тренжниот процес ги соопшти премиерот Конте во телевизиското обраќање до нацијата. Тој објсани дека за почеток на првенставата ќе треба повторно да се направи проценка на условите. Италијанската фудбалска федерација понуди интензивно тестирање на играчите и на помошниот перосонал и веќе е изработен медицинскиот протокол за тоа како би се одвивла целата процедура за враќање на тренинзите.

Серија А е во прекин од 9.март, до крајот од сезоната има уште 12 кола, а Јувентус е водечки на табелата со бод предност во однос на второпласираниот  Лацио.

 

 

 

Се вчитува...