Кочов: Агресивноста под кошевите е клучна, МЗТ треба да игра како со Зрињски

Кошаркарите на МЗТ Скопје сосема заслужено славеа убедливо со 97-75 против Зрињски во 16. коло од АБА 2 лигата.

Според стратегот на „металците“, Ѓорѓи Кочов агресивноста под кошевите е клучна ако се сакаат победи на овој начин во регионалното натпреварување. Тоа треба да го краси тимот и на секој натпревар во иднина…

„Мора да кажам дека пресуди борбеноста, агресивноста на кошаркарите под обрачите. Имавме мотив затоа што сакавме да им вратиме и за поразот во Мостар па сето тоа се преточи во убедлива победа. Одигравме квалитетни три четвртини, со исклучок на првата четвртина во која примивме 28 поени и бевме лоши во одбраната. За се после тоа немам замерки“ – вели Кочов.

За МЗТ Скопје ова беше седма победа на домашен терен, за второ место на табелата во АБА 2 лигата.

Се вчитува...