Кочов: Борбеноста на играчите ни ја донесе победата

Шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, имаше причина за задоволство по одличното второ полувреме на дуелот со Сплит.

„Ова за нас беше тежок меч, особено на психолошки план бидејќи претрпевме два порази и не смеевме да си дозволиме нов неуспех. Им честитам на моите играчи за карактерот и за борбата, желбата за победа и играта што ја прикажаа. Ако продолжиме вака, порази секако ќе има, но ние треба да се издигнеме над проблемите. Тактички променивме некои работи, но пресуди желбата на кошаркарите, кои гинат за секоја топка и таквиот пристап ни ја донесе победата“ – изјави Кочов на денешната прес-конференција.

Стратегот на Сплит, Владимир Анзуловиќ, му ја честиташе победата на македонскиот вицешампион.

„Честитки до МЗТ на заслужената победа, покажаа многу подобра игра од нас. Имаа повеќе енергија, што не е чудно бидејќи нам ни недостигаат тројца важни играчи од ротацијата. Задоволен сум од поголемиот дел од натпреварот, но не можам да бидам задоволен од реакцијата во одбраната во клучните моменти. Можеби тоа беше последица на уморот, но како и да е, МЗТ Скопје заслужено дојде до победата“ – истакна Анзуловиќ.

Се вчитува...