Кочов: Дајте ни поддршка од трибините, сега ни е најпотребна

МЗТ Скопје ќе ја отвори 2019 година со исклучително тежок натпревар, утре во Аеродром гостува тимот на Приморска, кој моментно е првопласиран во АБА2 лигата. „Металците“ загубија добиен меч во Словенија во првиот круг од натпреварувањето, но овојпат задачата и покрај домашниот терен е значително отежната поради проблемите со повредите со кои се соочува македонскиот вицешампион. Американскиот плејмејкер Лестер Медфорд ќе ги пропушти сите јануарски натпревари на МЗТ, а згора на тоа МЗТ утре ќе биде без помошта на повредените Младеновски и Маслинко.

Во една таква ситуација, тренерот Ѓорѓи Кочов апелира навивачите да дојдат во што поголем број и да им дадат поддршка на „металците“ на овој натпревар.

„Се наоѓаме во најтешка ситуација до сега. На списокот на повредени кошаркари се најде и Медфорд, а секој кој изгледал барем една наша средба знае колку тој е важен за нашиот тим. Згора на тоа, с уште не можеме да сметаме на Младеновски и на Маслинко, што дополнително ја отежнува нашата ситуација. Единствено позитивно е што играме дома и ја користам можноста да ги повикам сите навивачи на МЗТ Скопје да дојдат и да ни ја дадат поддршката кога ни најмногу потребна. А, ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме с од себе за да победиме во овој исклучително важен меч за нас“ – вели Кочов.

Се вчитува...