Кочов: Двете победи над Спарс не значат ништо, ќе биде тешко во Сараево

МЗТ Скопје е подготвен за предизвикот што го носи полуфиналето од АБА2 лигата. Македонскиот претставник ќе ја нема предноста на домашен терен против Спарс, но „металците“ сезонава еднаш веќе славеа во Сараево, што им дава за право да се надеваат на успех во оваа полуфинална серија. Само за потсетување, МЗТ Скопје и Спарс се сретнаа и во последното коло од регуларниот дел од сезоната, „металците“ славеа со 93-77, но тоа беше меч на кој и двајцата тренери криеја дел од адутите во пресрет на овој полуфинален дуел.

Пред нас е тежок натпревар против екипа што добро ја познаваме и ја респектираме. Спарс е заслужено во плејофот со прикажаното во досегашниот дел од сезоната. Нашите две победи во регуларниот дел од сезоната не значат ништо, бидејќи влогот сега е многу поголем. Среќни сме што се најдовме во доигрувањето, носигурно ќе бидеме уште посреќни ако се пласираме во големото финале. Верувам дека моите играчи ќе бидат подготвени за овој меч на гостински терен, каде Спарс беше речиси непобедлив во изминатиот период. Ова се мечеви во кои нема поправен, кои бараат многу концентрација, смирена рака и паметна игра“ – истакна тренерот Ѓорѓи Кочов.

Првиот натпревар меѓу Спарс и МЗТ Скопје се игра утре со почеток во 20 часот.

Се вчитува...