Кочов: Им симнувам капа на моите играчи за оваа победа

МЗТ Скопје стигна до значаен триумф на гостувањето против Хелиос, па тренерот Ѓорѓи Кочов имаше причина за задоволство по одличното издание на неговиот тим. Успехот е уште поголем ако се земе во предвид фактот дека МЗТ настапи значително ослабен, без Симоновски, Соколов, Маслинко и Младеновски, но сепак успеа да стигне до посакуваниот триумф.

„Мислам дека заслужено славевме. Моите кошаркари одиграа одлично, им симнувам капа за денешната претстава и оваа победа. Покрај тоа, големи пофалби и за моите помошници, за одличната тактичка подготовка за денешниот натпревар“ – изјави Ѓорѓи Кочов на прес-конференцијата по натпреварот.

МЗТ Скопје до крајот на оваа 2018 година го очекуваат уште два натпревари, најпрвин викендов во Аеродром ќе го пречека Фени индустри, а потоа во последниот дуел од АБА2 лигата за годинава ќе му гостува на Борац Чачак.

Се вчитува...