Кочов: Имавме среќа, ќе биде тешко и во Скопје

МЗТ Скопје стигна до голема победа над Спарс на отворањето од полуфиналната серија во АБА2 лигата. Македонскиот клуб сега се наоѓа на само еден триумф до пласман во големото финале, но тренерот Ѓорѓи Кочов ги предупреди своите избраници дека и на следниот дуел со босанскиот претставник нема да биде нималку лесно да се стигне до победата.

„Знаевме дека ќе биде тешко, Спарс е екипа што одржува ритам во континуитет цела година. Ние бевме во „грч“ цел натпревар, не очекував дека тоа ќе биде случај. Спарс беше подобар цело прво полувреме, во кое ние бевме надвор од ритам. Имавме среќа и победивме, сега одиме во Скопје каде исто така ќе не очекува тешка и неизвесна средба“ – изјави Кочов по натпреварот.

Следниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Спарс на програмата е в недела, со почеток во 17 часот.

Се вчитува...