Кочов: МЗТ покажа карактер

МЗТ Скопје Аеродром го оствари посакуваното. Почна со убедлива победа во АБА 2 лигата против словенечкиот Хелиос. Тренерот Кочов беше исклучително задоволен од изднаието на неговите избраници.

 „Им честитам на моите кошаркари за пожртвуваноста и за карактерот кои ги покажаа во текот на целиот натпревар. Им честитам и на моите помошници кои направија одличен скаутинг, иако можеби во првата четвртина и не изгледаше така. Потоа работите си дојдоа на место. Ова беше прв посериозен меч за нас. Претходно игравме доста, но со домашни екипи. Покажавме карактер. Ова е слика на она што го работиме на тренинзите. Да не беше грчот во првата четвртина, ќе беше полесно. Се надевам дека во следните натпревари ќе бидеме подобри“ – изјави предводникот на МЗТ по натпреварот.

Кочов го потенцираше и отсуството на Љубомир Младеновски кој поради здравствени проблеми не можеше да биде дел од тимот на вечерашната пресметка.

 

Се вчитува...