Кочов: Нашата одбрана го реши победникот

МЗТ Скопје ја запиша шестата победа во серија, вкупно седма сезонава во АБА 2 лигата, совладувајќи ја Сутјеска со 21 поен разлика. Избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа сигурно посебно во втората половина од натпреварот и заслужено ги освоија бодовите. Стратегот на МЗТ имаше причина да биде задоволен и од играта и од резултатот.

„Одигравме квалитетно и во нападот и во одбраната. Имавме контрола на средбата во сите 40 минути. Им честитатам на моите играчи , особено што максимално се бодреа и се поддржуваа. Ова е доказ дека добро сме се подготвиле за овој натпревар. Победникот го реши нашата одбрана, пик-ен-рол играта на противникот добро ја браневме, а имавме и добра контрола во нападот и максимална концентрација“ – изјави тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

 

Се вчитува...