Кочов: Немаме време да жалиме, се вртиме со мислите кон Ловќен

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, имаше причина за разочараност откако македонскиот претставник во неизвесна завршница загуби од Приморска во дерби-дуелот од 14. коло во АБА2 лигата. И без помошта на Медфорд и Младеновски, како и без Соколов кој се повреди во првото полувреме, „металците“ се вратија од двоцифрена негатива, во последната минута имаа и предност, но сепак на крајот претрпеа несреќен пораз.

„Повторно ни се случи драматичен меч како и на гостувањето во Копер. Одигравме одлично второ полувреме, бевме на чекор до победата, но потоа направивме премногу грешки во последните минути, им оставивме три отворени шутеви од кои гостите лесно реализираа и на крајот стигнаа до победата. Немаме време многу да жалиме, бидејќи веќе во следното коло пред нас е тешко гостување против Ловќен“ – изјави Кочов по натпреварот.

МЗТ Скопје по денешниот пораз има скор од 9-5 и сериозно заостанување зад Приморска, која забележа 13 победи и само еден пораз во досегашните 14 натпревари од АБА2 лигата.

Се вчитува...