Кочов: Одигравме пожртвувано и заслужено победивме

МЗТ Скопје со победа се враќа од гостувањето против Спарс во Сараево (71-75). Иако на овој меч во составот не беа  Дарко Соколов, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски, „металците“ одиграа сигурно, се одбранија во финишот и го добија дуелот со босанскиот ривал.

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов по натпреварот ја пофали пожртвуваноста насвоите избраници и изрази задоволство од играта и од резултатот.

„Заслужено победивме во овој тежок натпревар. Им честитам на моите играчи за пожртвуваноста и штио имаа верба во победата. Исто така, на Спарс им посакувам среќа во понатамошното натпреварување“ – истакна Ѓорѓи Кочов.

Се вчитува...