Кочов: Овие кошаркари гинат за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје прими само 57 поени при убедливата победа над Борац Чачак (82-57), па јасно е дека Ѓорѓи Кочов имаше многу причини да биде задоволен по вториот триумф во низа во рамките од АБА2 лигата.

„Борац е многу цврста екипа, но нашата одбрана беше одлична. Да не беше последната тројка ќе застаневме на 54 поени, но и оваа бројка од 57 примени поени е одлична. Благодарност до навивачите кои секогаш ценат борбеност и пожртвуваност, се надевам дека публиката ќе се врати во уште поголем број за следните натпревари. Иванов одигра цело полувеме со свиткана нога, тоа доволно говори за карактерот на овој тим, овие играчи гинат за МЗТ“ – изјави Кочов на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...