Кочов: Почетокот беше катастрофа…

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, има причина за загриженост по слабото издание на неговиот тим при поразот од Зрињски. Коечните 93-87 не се реална слика за текот на мечот, во кој МЗТ губеше и со 20 поени разлика, за пред самиот крај да ја намали негативата.

„Честитки до тимот на Зрињски за заслужената победа, покажаа дека се добра екипа. Што се однесува до нас, почетокот беше вистинска катастрофа, не влеговме како што треба во средбата и потоа не успеавме да се вратиме. Ако можам да издвојам барем една добра работа тоа е покажаниот карактер на крајот, доцна се разбудивме и не можевме да се вратиме по големата предност што домаќинот ја имаше речиси цел натпревар“ – изјави Кочов.

По пет одиграни кола во АБА 2 лигата тимот на МЗТ Скопје забележа три победи и два порази.

Се вчитува...