Кочов: Со нов максимален ангажман до финале во АБА2

МЗТ Скопје Аеродром денеска на домашен терен ќе ја пречека екипата на Спарс Сараево во вториот полуфинален натпревар од плеј-офот во АБА 2 лигата. Поените на Лестер Мерфолд во финишот на првиот натпревар му донесоа победа од  71-70 и прва меч топка за пласман во финалето на натпреварувањето и чекор поблиску до пласман во АБА 1 лигата следната сезона.

Тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов вели дека победата од првиот меч е веќе заборавена, влогот е голем и секој натпревар е различен. Неговите момци ќе дадат се од себе и ќе одат на победа на овој меч .

Победата на теренот на противникот ја заборавивме уште на враќањето кон Скопје. Ова е плејоф, каде што влогот е голем, а секој натпревар поразличен од претходниот. Очекувам уште еден неизвесен дуел против Спарс, во кој мотивацијата ќе биде клучен фактор. Во мечот ќе влеземе без никакви калкулации и ќе дадеме сѐ од себе за да победиме. Ќе го заборавиме заморот, кој реално е присутен во тимот, бидејќи желбата да играме финале е поголема од него. Сакам да се гине за секоја топка во сите 40 минути. Знам дека играчите се свесни за тоа и знам дека ќе го дадат својот максимум. Ги повикувам и нашите навивачи да дојдат во што поголем број да ни помогнат до уште една исклучително важна и тешка победа“, вели Кочов. 

Денешниот меч ќе биде четврти меѓусебен меѓу двата ривали, а МЗТ досега ги доби сите три средби. Мечот во СЦ Јане Сандански во Скопје е со почеток од 17 часот.

Се вчитува...