Кочов: Верував во овој тим и кога играчите не веруваа во себе…

Тренерот Ѓорѓи Кочов беше презадоволен од остварениот резултат и пласманот во големото финале со кое „металците“ се наоѓаат на само еден чекор до враќање во елитата на регионалната кошарка.

„Ова беше сосема поразличен натпревар од првиот бидејќи од самиот почеток бевме организирани и во нападот и во одбраната. Спарс е сериозна екипа со сериозен ростер, игра добра кошарка, но ние одговоривме на предизвикот. Јас верував во мојата екипа уште од почетокот, дури и кога тие не веруваа во себе и работеше тој „македонски синдром“, јас знаев дека можат да стигнат до ова финале. Благодарност до цела организација на МЗТ Скопје и до навивачите“ – истакна Кочов.

А кога станува збор за навивачите, стратегот на МЗТ Скопје не ја крие желбата трибините на наредниот натпревар да бидат уште повеќе исполнети.

„Не е исто да се оди на концерт и да се пее пред празна и пред полна сала“ – метафорично се изрази Кочов на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...