Кога го нема Дурант, Стеф Кари го води Голден стејт до победи

Голден стејт, Феникс и Индијана забележаа победи во синоќешните мечеви во НБА лигата.

Актуелниот шампион Голден стејт славеше против Бруклин со 118-111, предводен од Стеф Кари а во отсуство на повредениот Кевин Дурант. Кари по мечот заврши со 39 поени, 11 скока и 7 асистенции.

По овој триумф, Голден Стејт се изедначи на врвот на табелата во Западната конференција со Хјустон Рокетс со биланс од 13 победи и четири порази.

Бојан Богдановиќ постигна 26 поени во победата на Индијана над Мајами од 120-95. Хрватскиот репрезентативец го следеше Мајлс Тарнес со 25 поени и седум скока, а во домашниот состав по 15 поени постигнаа Џош Ричардсон и Хасан Вајтсајд.

Чикаго загуби од Феникс со 113-105 во мечот на двата најмлади НБА тима.

НБА табели

Се вчитува...